• сабота, 23 ноември 2024

Три лица загинаа во руски напад на Херсон

Три лица загинаа во руски напад на Херсон

Херсон, 27 октомври 2024 (МИА) – Во денешниот руски напад врз градот Херсон на југот на Украина загинаа тројца цивили, соопшти шефот на регионалната управа на Херсон, Олександар Прокудин.

- Шеесет и едногодишен маж е убиен попладнево во реонот на Дњепар во напад на непријателски дрон. Друг жител на градот е убиен во близина на поштата, до која одекна експлозија. Во моментов се утврдува идентитетот на човекот, соопшти Прокудин на социјалните мрежи.

Според него, во експлозијата е повреден и 45-годишен жител на Херсон кој е хоспитализиран.

Фото: Прокудин на Фејсбук

Остани поврзан