• понеделник, 23 декември 2024

Три италијански клуба за прв пат во историјата победија на првите натпревари од плејофот во ЛШ

Три италијански клуба за прв пат во историјата победија на првите натпревари од плејофот во ЛШ

Милано, 23 февруари 2023 (МИА) - За прв пат во историјата, три италијански клубови победија на првите натпревари од плејоф фаза во фудбалската Лига на шампиони.

Интер синоќа во Милано го победи Порто со 1:0.

Претходната недела, Милан го победи Тотенхем исто така со 1:0, додека во вторникот  Наполи го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 2:0.

Реваншите ќе се играат на 8, 14 и 15 март по што ќе биде познато дали трите калчолигаши ќе се пласираат во четвртфиналето.

Последен освојувач на Лигата на шампионите од Италија беше Интер во сезоната 2009/10. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан