Три департмани во Франција под портокалово метео-предупредување поради невреме
- Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се ставени под портокалов степен на метеоролошка тревога поради силното невреме кое се очекува до сабота, 27 декември, соопшти денеска „Метео Франс“.
Париз, 25 декември 2025 (МИА) – Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се ставени под портокалов степен на метеоролошка тревога поради силното невреме кое се очекува до сабота, 27 декември, соопшти денеска „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се под предупредување поради обилни врнежи и опасност од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува пораст на водостојот на реките, пренесува телевизијата БФМ.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплави е издадено превентивно, со проценка дека поради силните дождови би можело да дојде до излевање на водотеците, особено во јужниот дел на Франција, на подрачјето на Русијон.
Во врска со количеството на врнежи, во департманите Од и Источни Пиринеи се очекува меѓу 150 и 200 литри дожд на метар квадратен до сабота напладне, што одговара на количеството врнежи за два до три месеци, појаснува БФМ ТВ. На Горна Корзика се прогнозира меѓу 80 и 120, а локално и до 150 литри на метар квадратен. јт/
Фото: МИА архива