• понеделник, 23 декември 2024

Трифонов: Нема да учествувам во преговорите за формирање на новата влада на Бугарија, одиме на избори

Трифонов: Нема да учествувам во преговорите за формирање на новата влада на Бугарија, одиме на избори
Софија, 22 јули 2022 (МИА) – Лидерот на „Има таков народ“ и забавувач Слави Трифонов во специјална изјава што ја пренесе неговата ТВ 7/8 и објавена на Фејсбук се истакнува дека на неговата партија не ѝ е место во овие бесмислени лицемерни преговори, јави дописникот на МИА од Софија. Трифонов истакна дека нема да учествува во лицемерна влада и оти неговата партија нема да даде поддршка и повика на предвремени избори. Неговата изјава уследи по состанокот на пратеничката група на „Демократска Бугарија“ од Народното собрание, што беше пренесуван во живо без исклучени микрофони. Во снимката, заменик-претседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов на својата пратеничка група објаснува дека во Бугарија ќе има предвремени избори околу 16 октомври. Снимката се појави на социјалните мрежи и медиумите и наиде на многу коментари за слобода на говор. На средбата Иванов рече дека лидерката на БСП Корнелија Нинова ќе го задржи третиот мандат најдоцна до 15 август, додека не се изберат претседателите на Антикорупциската комисија и на Комисијата за регулација на енергетика и води. нк/ми/

Остани поврзан