• понеделник, 25 ноември 2024

Трипуновски: Состојбата во земјоделството е катастрофална

Трипуновски: Состојбата во земјоделството е катастрофална

Скопје, 15 март 2023

Вечерва сум на трибина во Тетово со земјоделците од полошкиот регион во организација на републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта на оваа трибина е во една дискусија со земјоделците за апсолвирање на актуелната состојба во земјоделството во Македонија, како еден од носечките столбови и на нашата економија и на државата.

Ќе зборуваме за идни решенија во земјоделскиот сектор и нормално она кое што најмногу ги засега земјоделците од овој регион.
 
Практично ние ќе бидеме корективот на моменталната власт, и она што значи подобро утре за сите земјоделци во државата и решавање на сите актуелни проблеми.
 
Тоа е и целта на оваа трибина и оваа комуникација ќе продолжи и во следниот период, која што ќе значи влевање надеж на земјоделците ширум Македонија, кои што во овој момент слободно можам да кажам ги живеат најцрните денови од постоењето на нашата држава.

 

фб статус од Цветан Трипуновски, претседател на Републичка комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

ФОТО: МИА архива

 

Остани поврзан