• понеделник, 04 ноември 2024

Трипуновски: МЗШВ ќе биде пример на институција што ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност

Трипуновски: МЗШВ ќе биде пример на институција што ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност

Скопје, 9 август 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе биде пример на институција што ќе воведе највисоки стандарди за сајбер безбедност. Ова го истакнал министерот Цветан Трипуновски, кој денеска имал средба со претставници од Американската амбасада, од Агенцијата за меѓународен развој на САД - УСАИД и од програмата CIDR (Critical infrastructure digitalization and resilience).

- CIDR е регионална програма поддржана од Агенцијата за меѓународен развој на УСАИД. Преку оваа програма се дава поддршка на критичната инфраструктура, јавен сектор и други значајни институции за воведување на најдобри практики, стандарди и соодветно законодавство за сајбер безбедност, како и на градење на капацитети за зголемување на отпорноста од сајбер напади. Една од значајните активности на програмата CIDR е поддршката на Министерството за имплементација на системот за управување со информациска безбедност, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Во рамки на поддршката, како што се додава, предвидени се и обуки за сите вработени, со цел да се зајакнат капацитетите и да се подигне свесноста за ризикот од сајбер напади. бд/аа/

Фото: МЗШВ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан