• понеделник, 23 декември 2024

Трипуновски: Исплатени се 75.640.400  денари субвенции кон 1.609 земјоделци

Трипуновски: Исплатени се 75.640.400  денари субвенции кон 1.609 земјоделци

Скопје, 7 август 2024 (МИА) - Исплатени се субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет, информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

-Денес се исплатени 75.640.400  денари кои ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците. Остварено е уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, со одговорна и посветена работа во интерес на нашите земјоделци, изјави Трипуновски. вј/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан