• сабота, 18 мај 2024

Трипл-дабл на Трајковски за прва победа на Феникс годинава

Трипл-дабл на Трајковски за прва победа на Феникс годинава

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) – Поранешниот македонски репрезентативец Бојан Трајковски е најзаслужниот за триумфот на Феникс над Академија ФМП на средбата одиграна синоќа во СЦ „ Јане Сандански“ во Скопје. Трајковски натпреварот го заврши со 19 поени, 11 асистенции и 10 скока, доволно за индекс 33.

Резултати на натпреварите од 14 коло во кошаркарската Прва лига:
Феникс – Навико Академија ФМП 109:76
Охрид – Кожув 74:72
Еуро Никел – Гостивар 97:85
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 66:72
Работнички – Чаир 84:70
ТФТ Моцарт – Вардар 92:82

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 26 бода, Еуро Никел 25, Работнички 24, Пелистер 24, Чаир 23, Феникс 22, ТФТ Моцарт 22, Гостивар 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17, Навико Академија ФМП 17. зс/ 

Остани поврзан