• понеделник, 28 октомври 2024

Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто

Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто

Лос Анџелес, 27 октомври 2024 (МИА) – Тимот на Лос Анџелес лејкерс рано утрово на домашен терен го совлада Сакраменто кингс со 131:127 во натпревар од регуларниот дел на сезоната 2024/25 во НБА-лигата.

Најпродуктивен играч на средбата беше Леброн Џејмс, кој постигна трипл-дабл - 32 поени, 14 скока и 10 асистенции. 

Трипл-дабл кај гостите забележа Домантас Сабонис (29+12+10).

Лејкерси ја постигнаа третата победа во низа од почетокот за почеток на сезоната и се на третото место во Западната конференција на НБА. 

Сакраменто го претрпе вториот пораз и се наоѓа на 12. место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан