• петок, 05 декември 2025

Тринаесет повредени во силна експлозија во центарот на рускиот град Ростов на Дон

Тринаесет повредени во силна експлозија во центарот на рускиот град Ростов на Дон

Москва, 14 август 2025 (МИА) - Тринаесет лица се повредени во силна експлозија во градот Ростов на Дон во јужна Русија. 

Според првичните извештаи, дел од покрив на станбена зграда наводно бил погоден од рон, а експлозијата оштетила неколку балкони на горните катови.

Локалниот гувернер Јуриј Слиусар објави на Телеграм дека 13 лица се повредени во експлозијата, од кои две се во критична состојба. Во градот е во сила воздушна тревога. мс/

фото: Принтскрин „Х“

Остани поврзан