• петок, 22 ноември 2024

Тринаесет лица загинаа во напад во Могадишу

Тринаесет лица загинаа во напад во Могадишу

Могадишу, 15 март 2024 (МИА) - Тринаесет лица загинаа во сомалиската престолнина Могадишу во исламистички терористички напад на групата Ал Шабаб во хотел во близина на претседателската палата, јави ДПА.

Безбедносните сили утрово ја ставија ситуацијата под контрола. Според полицијата, меѓу загинатите има пет терористи, а повредени се над 30 лица, меѓу кои и четворица пратеници.

Бомбаш самоубиец синоќа возел автомобил со експлозив пред зградата. Борците на Ал Шабаб потоа упаднаа во хотелот, кој е многу популарен кај политичката елита на Могадишу. Хотелот беше цел на неколку напади на Ал Шабаб во минатото, и покрај тоа што се наоѓаше во урбана област со висок степен на безбедност поради неговата локација спроти претседателската палата.

Во последниве години, нападите на Ал Шабаб зачестија околу светиот месец Рамазан, кој започна на почетокот на оваа недела. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан