• понеделник, 23 декември 2024

Тринаесет земји-членки на ЕУ се против промена на Договорот за ЕУ

Тринаесет земји-членки на ЕУ се против промена на Договорот за ЕУ
Брисел, 9 мај 2022 (МИА) - Група од 13 земји-членки на Европска Унија не го поддржуваат предлогот за измена на Договорот за ЕУ, што е еден од заклучоците на штотуку завршената Конференција за иднината на Европа, поддржана од францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен. - Иако не исклучуваме ниту една опција во оваа фаза, не поддржуваме непромислени и предвремени обиди за иницирање на процес за промена на Договорот. Тоа би повлекувало сериозен ризик од пренасочување на политичката енергија од важните задачи за изнаоѓање решенија на прашањата што очекуваат да бидат одговорени нашите граѓани и од геополитичките предизвици со кои се соочува Европа, се наведува во нон-пејперот на 13 земји-членки на ЕУ. Земјите потписнички (Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Литванија, Летонија, Малта, Полска, Романија, Словенија и Шведска) веруваат дека ЕУ може успешно да управува со кризите во рамките на сегашните договори, за што сведочат борбата против Ковид-19 и одговорот на руската агресија врз Украина. - ЕУ дејствуваше брзо и најде и спроведе заеднички и ефективни решенија. Веќе имаме функционална Европа, не треба да брзаме со институционални реформи за да постигнеме резултати, се истакнува нон-пејперот. Во нон-пејперот се критикува Европскиот парламент - Идеите презентирани од граѓаните на Конференцијата треба да зборуваат сами за себе и заслужуваат должно внимание. Тие не треба да се инструментализираат за да им служат на посебни институционални интереси, се посочува во текстот. ми/

Тагови

Остани поврзан