• понеделник, 23 декември 2024

Триесет дена притвор за тетовец кај кого биле најдени 30 пакувања марихуана

Триесет дена притвор за тетовец кај кого биле најдени 30 пакувања марихуана

Тетово, 10 август 2023 (МИА) – Судија во претходна постапка во Основен суд Тетово на 34 годишник од градот денес му одредил мерка притвор од 30 дена откако вчера полицијата му најде 30 пакувања со марихуана и го приведе. 

- На 9 август во 19.20 часот на улица „114“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(34) од Тетово. При претрес во простории кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 30 пакувања со марихуана. Лицето било задржано во полициска станица, информираше СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против него е поднесена пријава за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За издржување на мерката притвор 34 годишникот ќе биде спроведен КПУ Затвор Скопје. ас/цр

Фото:МИА

Остани поврзан