• среда, 25 декември 2024

Триесеттото, јубилејно издание на Фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков“ ќе се одржи од 8-ми до 13 септември

Триесеттото, јубилејно издание на Фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков“ ќе се одржи од 8-ми до 13 септември
Струмица, 1 септември 2022 (МИА) - Триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања, седум од земјава и две од странство, Бугарија и Косово. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, варијација на драмата на Мирослав Крлежа во режија и адаптација на Бранко Брезовац, а Фестивалот свечено ќе биде отворен со изложба на фотографии од досегашните 29 лауерати. Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, а се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе го предводи ланската лауретка, актерката Ѕвездана Ангеловска и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски. Фестивалот ќе се одржи од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура и Општина Струмица. рт/сст/

Остани поврзан