• сабота, 23 ноември 2024

Триесетина убиени во армиски напад врз бегалски камп на северот од Мјанмар

Триесетина убиени во армиски напад врз бегалски камп на северот од Мјанмар

Непјидо, 10 октомври 2023 (МИА) -  Во воен напад врз камп за раселени лица во северниот дел на Мјанмар загинаа 29 лица, а десетици други се ранети, изјави денеска портпаролот на етничката бунтовничка група која ја контролира областа.

Мјанмарската хунта е обвинета дека извршила повеќе крвави напади врз цивилни цели во обидите да го задуши отпорот по државниот удар во 2021 година, пренесува Фена.

Последниот напад се случи вчера, околу 23:30 часот, изјави полковникот Нау Бу од Независната армија Качин (КИА), пренесен од француските медиуми.

-Пронајдовме 29 тела, меѓу кои има деца и стари лица, а 56 лица се ранети, рече тој, додавајќи дека истражуваат со каков проектил бил погоден кампот.

„Не слушнавме никаков авион“, кажа тој, додавајќи дека се истражува дали војската користела беспилотно летало за да го гаѓа кампот што се наоѓа во близина на градот Лаиз, на границата со Кина. сд/

Остани поврзан