• четврток, 09 мај 2024

Тридневна жалост по нападот на болницата во Газа

Тридневна жалост по нападот на болницата во Газа

Газа, 17 октомври 2023 (МИА) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост по воздушниот напад врз болницата Ал Ахли во Газа, јавуваат палестинските државни медиуми.

Како што јави претходно Би-Би-Си, Израелците рекоа дека причината за пожарот во болницата не е јасна и оти војската се уште истражува.

Би-Би-Си успеа да разговара со неименуван доктор кој работи во болницата. Тој за програмата Њузаур (Newshour) на Светскиот сервис на Би-Би-Си изјави дека местото на нападот, каде биле засолнети околу 4.000 раселени лица, е целосно уништено.

Тој додаде дека 80 отсто од болницата не е во функција, а во експлозијата загинале или се повредени стотици луѓе.

Тој рече дека болницата е празна бидејќи луѓето се зафатени обидувајќи се да ги спасат преживеаните од нападот, јави Би-Би-Си. јт/

Фото: Х

Остани поврзан