• понеделник, 23 декември 2024

Трибина „Скопје на новите албански адреси, одраз на духот на Охридскиот договор“

Трибина „Скопје на новите албански адреси, одраз на духот на Охридскиот договор“
Скопје, 3 август 2021 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот  рамковен договор, во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се одржа трибина „Скопје на новите албански адреси, одраз на духот на Охридскиот договор “. Според Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, именувањето на неколку улици е еден сензитивен успех како и многу други успеси што го носат печатот на Охридскиот договор. Тој побара од Институтот, Охридскиот договор да се третира како културно богатство и да се направи детална научна студија со споредување на тоа каде сме биле и каде сме денеска. - Ни недостасуваат денови за да ги оствариме сите активности до последното заокружување на настаните на 13 август оваа година, кога ќе се одржи академија со присуство на нашите меѓународни пријатели како Лорд Џорџ Робертсон, Хавиер Солана, Пол Вилијамс, како и по 20 години на нашата јавност ќе и го претставиме авторот на Охридскиот рамковен договор, кој е еден наш одличен пријател од САД, како и многу наши пријатели од ЕУ, САД, ОБСЕ. Дваесет години не се далеку. Застанете и само споредете како бевте вие заедно со нас пред 20 години и како сме денеска. Во Влада, Собрание зборуваме албански. Недалеку од вчера на одбележувањето на Илинден одекна албанското оро и песна на сред Крушево и немаше двоумење од ниту еден учесник за такво достоинствено претставување на албанската култура, рече Груби. Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скопје, Скендер Асани рече дека именувањето на повеќе од 150 улици, плоштади, булевари со албански имиња во Скопје во духот на Охридскиот договор, е едно од најголемите достигнувања на Албанците од Северна Македонија. - Охридскиот договор е историски пресек меѓу вековите, иако не ги исполнува целосно аспирациите на албанскиот народ низ вековите, тој останува првиот договор каде меѓународниот фактор бил посредник. Познато е дека Отоманската империја по Берлинскиот конгрес ги загуби правилните принципи дека Османлиската империја не може да биде нападната од ниту една држава, но Османлиската империја можеше да се уништи само одвнатре. И Северна Макеоднија со Охридскиопт договор стана принцип дека ниедна држава не може да ја нападне и таа може да се уништи само одвнатре, потенцира Асани. Во рамки на трибината беше промовирана и книгата „Адресите на едно сеќавање“ во издание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.фф/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан