• вторник, 26 ноември 2024

Трибина „Како да се радуваме во кризни времиња?“

Трибина „Како да се радуваме во кризни времиња?“
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Во Музејот на македонската борба, во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и во соработка со црквите и верските заедници вечерва ќе се одржи трибината „Како да се радуваме во кризни времиња?“. На трибината се очекува да се обратат претставници од црквите и верските заедници. Како што најавуваат организаторите, предвидени се обраќања и на Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Република Северна Македонија; Климент, епископ хераклејски од Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА); Ирсал Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница (ИВЗ); Марјан Димов, суперинтендент на Евангелско-методистичката црква (ЕМЦ); Дон Томас Бак, жупник на Католичката црква и Коста Милков од Балкански институт за вера и култура. - Живеејќи во време на здравствена, економска, енергетска и политичко-безбедносни кризи, кои му прават огромен притисок на човекот, кој живее во страв и неизвесност - целта на трибината е да пробуди надеж и охрабрување на современиот човек, дека и кога е најтешко продолжува нашата борба, нашата верба во подобро утре, но и нашето потпирање на Бог кој е секогаш со нас. Теологијата и верата е и треба да биде силна поткрепа за современиот човек, соопштуваат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.фф/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан