• сабота, 23 ноември 2024

Третото издание на „Мажи на годината“ на 25 ноември со пренос во живо на МТВ1

Третото издание на „Мажи на годината“ на 25 ноември со пренос во живо на МТВ1
Скопје, 5 ноември 2020 (МИА) - Третото издание на на изборот за Мажи на годината за 2020 година, традиционално ќе се одржи послендата среда во ноември, односно на 25 ноември. Годинешниот избор на Мажи на годината ќе биде во организација на Џентлмен Магазин и во живо ќе се пренесе на МТВ1. - Во година полна со предизвици, борбата за нормално функционирање на работите е најважна. Затоа и оваа година ќе ги славиме успесите на најуспешните мажи во нашата држава, успеси кои ќе бидат мотив за секој од нас. Овогодинешниот избор на Мажи на годината за 2020 година во организација на Џентлмен Магазин, ќе биде посебен. Посебен пред се поради големиот интерес во јавноста, но и поради приликите кои ги диктира ситуацијата со пандемијата. Имуни не бевме и ние, и затоа, како и насекаде во светот оваа година одлучивме изборот на Мажи на годината да биде во еден друг концепт. Концепт кој ќе придонесе целокупната јавност да го проследи. Официјално сакаме да ви најавиме дека Мажи на годината за 2020 година ќе оди на МРТ1 во формат на светско шоу каде ќе ги наградиме традиционално најуспешните мажи во Македонија, информираат организаторите на манифестацијата - Мотивот да ги избереме најуспешните мажи во нашата држава е огромен, пред се поради ситуацијата со коронавирусот и пандемијата која буквално ни ги поремети плановите и навиките. Затоа, иако се наоѓаме во исклучително тешка година, година која е комплетно различна и која едвај чекаме да помине, ние традиционално, ќе ги славиме најуспешните мажи и оваа 2020 година, информираат организаторите. - Горди сме што успеавме да креираме настан, кој стана препознатлив белег на џентлмените, на мажите кои негуваат навики кои носат до успех, на хедонизмот, на општествената одговорност. Нашата цел е јасна, а таа е да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден позитивен имиџ во јавноста, изјавија организаторите за официјалниот избор на Мажи на годината. Оттаму посочуваат дека во изборот се вклучени голем број докажани професионалци во разни области кои се дел од жири комисијата на официјалниот избор, како и целокупната јавност која номинира и дава свој директен придонес во целокупниот избор. Мажи на годината  првпат се организираше во 2018 година во организација на Фрајдеј Комуникации, и првиот специјализиран онлајн магазин кај нас www.friday.mk или по ново Џентлмен Магазин, и ова е негово трето издание. За маж на годината во 2018 година беше избран доктор Владимир Чадиковски, а во 2019 година Мислав Галер кој ја понесе титулата за маж странец, како и Божидар Јанковски, кој беше избран за Маж на годината во избор на организаторите. Помеѓу останатите добитници минатата година беа и Арсим Папранику, Енвер Малиќи, Стојанче Стоилов, Елиф Елмас, Владимир Стајиќ, Ненад Пантовски и Крис Поповски, Влатко Лозановски, Филип Ивановски, и Габриел Стибел.фф/скс/

Остани поврзан