• сабота, 21 декември 2024

Трета светска титула во низа за Јапонката Сакамото

Трета светска титула во низа за Јапонката Сакамото

 

Монтреал, 23 март 2024 (МИА) – Јапонката Каори Сакамото ја задржа светската титула во уметничко лизгање со извонредниот настап во Монтреал во петокот и стана првата жена која освоила три последователни круни по Американката Пеги Флеминг во 1968 година.

Сакамото беше на четвртото место по кратката програма, но нејзиниот брилијантен настап во слободната програма на песната „Wild Is The Wind/Feeling Good“ ѝ помогна да ја освои третата светска титула за да се израмни со олимписката победничка од 1968. Флеминг, која освои три титули помеѓу 1966 и 1968 година.

Американката Изабеао Левито, светска јуниорска првенка од 2022 година, го освои среброто, додека Јужнокорејката Чајеон Ким ја освои бронзата. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан