• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска – Ѕуо: Еднаков пристап за сите деца во градинките е на прво место

Тренчевска – Ѕуо: Еднаков пристап за сите деца во градинките е на прво место

Скопје, 11 јануари 2024 (МИА) - Овозможување инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, што е дел од соработката меѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина беше темата на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Како што се наведува во соопштението изминатата година МТСП со поддршката на Кинеската амбасада реализирало изградба на инклузивни игралишта и опремување на сензорни соби во градинки во Струмица, Крушево и Кривогаштани.

Тренчевска и кинескиот амбасадор во земјава разговарале и за идни соработки во делот на детската заштита, кои се во интерес на двете страни. 

-На средбата беше дефинирано дека вакви инклузивни игралишта и сензорни соби во наредниот период ќе бидат отворени и во Струмица, Велес и Гевгелија, се вели во соопштението од МТСП. мд/ац/

Фото: МТСП 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан