• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска: Социјалниот дијалог е отворен и продолжува, потребни ни се трајни и одржливи решенија

Тренчевска: Социјалниот дијалог е отворен и продолжува, потребни ни се трајни и одржливи решенија

Скопје, 11 јули 2022 (МИА) - Социјалниот дијалог е отворен, продолжува и понатаму. Значи, интересот е и на Владата и на Министерството е да имаме поголеми плати, меѓутоа многу пати досега сум рекла и сега ќе повторам, треба да имаме системско решавање на прашањата, да немаме ад хок решение, туку градење на систем кој е траен и одржлив, а токму тоа и го нудиме, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во одговор на новинарско прашање на денешното поставување камен-темелник во градинката „Пролет“.

Новата методологија, како што посочи Тренчевска ќе значи постојан раст на платите на јавната администрација и ќе го следи растот на инфлацијата и растот на просечната плата во државата, а новиот закон за плати во јавната администрација и новиот колективен договор ќе се уредуваат со дополнителни права на јавната администрација. - Барањето од 2.806 денари не е предвидено во новиот ребаланс, затоа што зборуваме за градење на систем. Влезено е во ребалансот К-15 за 2022 година што не го бараат синдикатите, а ние велиме ќе обезбедиме К-15 со нова методологија којашто ќе се применува од 1 јануари 2023 година, додаде министерката Тренчевска. ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан