• понеделник, 18 ноември 2024

Тренчевска: СДСМ ја обезбедува европската иднина на државата

Тренчевска: СДСМ ја обезбедува европската иднина на државата
Скопје, 11 ноември 2022 Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска денеска  ja предводеше трибината во Валандово на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ и заедно со ргадоначалникот, Перо Костадинов ги поздравија жителите на Валандово и околните населени места и зборуваа за успешните мерки на Владата донесени во изминатиот период. Трибината со своето обраќање ја отвори градоначалникот Костадинов и се заблагодари за довербата која што граѓаните му ја дадоа во 2017 година. -Град со градоначалник кој има визија за својот град, градоначалник кој се грижи за своите сограѓани, нашиот другар Перо Костадинов, заедно со својот тим за овие 5 години ја направи најдобрата трансформација на овој град. Го направи Валандово модерен и европски град, рече Тренчевска Таа посочи дека токму тоа е она кон кое што се стреми СДСМ - градење на модерна, демократска држава членка на ЕУ. -Кога започнавме со трибините, со посетите низ општините со контактите со нашите сограѓани, многумина ме прашаа: Зарем пак ќе има избори? Зошто трибини? Обично пред избори се организираат вакви средби. Јас одговарав: Избори нема да има ! Редовни парламентарни избори ќе има во 2024 година, посочи Тренчевска. Тренчевска рече дека СДСМ отсекогаш била и ќе биде државотворна партија и дека е партија која секогаш ги носи тешките и државнички одлуки но исто така и носи просперитет на државата.   Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.        

Остани поврзан