• сабота, 22 март 2025

Тренчевска: Реализацијата на капиталните инвестиции е само 2,4 отсто, власта тера лажен ПР 

Тренчевска: Реализацијата на капиталните инвестиции е само 2,4 отсто, власта тера лажен ПР 

Скопје, 4  март 2025

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во емисијата „Само вистина“ на канал 5 телевизија истакна дека власта тера лажен ПР додека реализацијата е само 2,4%, нема  нови проекти, ги нема ниту ветените 250 милиони евра за општините.

-Реализацијата на капиталните инвестиции на локалната самоупорава во јануари изнесува само 2,4 %, што значи дека ништо не се реализира. Во 2024 година дадовте 70 милиони евра за општините, а не 250 како што беше ветено, додека приватниот сектор се уште ги чека ветените 250 милиони евра, нагласи Тренчевска.

Во пријавените проекти на општините, не видовме капителн проект, освен бекатон плочки, неколку чешми низ општините, и тротоарчиња, немаше ни еден капитален проект, никаде нема ни градника градинка, ни старски дом. ПР-от ви е лажен, претставуваа се и сешто, а на крајот на денот се е ветар и магла, нагласи Тренчевска.

Таа додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ во буџетот нема планирано средтсва ниту да се завршат започнатите градинки и потсети дека во време додека беше СДСМ на власт во државата беа изгради 81 нова градинка.

Граѓаните ниту ќе добијат градинки, и ќе остане да ги отварате градинките кои во време на СДСМ започнаа да се градат и старските домови, кои во време на СДСМ почнаа да се градат, нагласи Тренчевска, додавајќи дека граѓаните само ќе ги плаќаат каматите за кредитот.

Задолжувањата треба да се искористат за капитали инвестиции, за подобрување на животот на граѓаните, во локланите единици,  за подобрување на животниот стандард, а не за купување гласови пред локалните избори, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во „Само вистина“ на канал 5 телевизија.
 

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото: СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан