Тренчевска: Работиме на тоа сите граѓани да имаат еднаков пристап до социјалните услуги
- Македонски брод е познат како лидер на згрижувачките семејства. Тоа го потврдуваат броевите - 37 згрижувачки семејства, каде што се згрижени 52 деца, изјави министерката за труд и социјална п
-Зорка Силјаноска е корисник на услугата помош и нега во Домот, која што својата негувателка ја опишува само со пофални зборови. Во таа насока се и овие мои посети на корисниците, сакам сама да се уверам кога корисникот зборува за задоволството од услугите кои ги спроведуваме. Даниела Милеска е лиценциран негувател со завршена обука. Корисничката оваа услуга ја добива од јануари 2022 година. Во Македонски Брод има 10 лиценцирани негуватели кои се грижат за 24 корисници, рече Тренчевска.
Таа ги посети Илинка и Гоце Стојаноски во Македонски Брод, кои што се згрижувачи 11 години.
-Семејството кое што го посетив денеска е пример за хуманост. Илинка и Гоце се личности кои со своите постапки се мотивација и за другите семејства да ги отворат своите врати и да згрижат деца, изјави Тренчевска.
Посетата на Македонски Брод, министерката за труд и социјална политика ја заокружи со Дневниот Центар за лица со пречки во телесниот и менталниот развој во с. Долни Манастирец.
Центарот го посетуваат девет корисници со тешка ментална попреченост, комбинирани пречки. Со нив работат еден негувател и еден специјален едукатор и рехабилитатор.
-Дневниот центар за лица со пречки во телесниот и менталниот развој тука во село Долно Манастирец е од особено значење. Ваквите центри не се потребни само во големите градови туку и во руралните средини. Работиме на тоа сите граѓани во нашата држава да имаат еднаков пристап до сите услуги кои ги нуди државата, посочи Тренчевска.бт/са/