Тренчевска: Околу 1 200 лица се опфатени проектот за подобрување на социјалните услуги
- Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов и секретарите на Општинските организации на Црвен Крст во Пробиштип и Кратово денеска беа во посета на даватели на социјални услуги, помош и нега во домот. Министерката Тренчевска истакна дека е особено горда на овој проект, кој се спроведува со поддршка на Светска банка. Во овој случај поттикната е меѓуопштинската соработка меѓу општините Пробиштип и Кратово. Услуги преку проектот добиваат 50 лица над 65 години.
Пробиштип, 18 септември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов и секретарите на Општинските организации на Црвен Крст во Пробиштип и Кратово денеска беа во посета на даватели на социјални услуги, помош и нега во домот. Министерката Тренчевска истакна дека е особено горда на овој проект, кој се спроведува со поддршка на Светска банка. Во овој случај поттикната е меѓуопштинската соработка меѓу општините Пробиштип и Кратово. Услуги преку проектот добиваат 50 лица над 65 години.
-Посебно ме радува тоа што услугите се достапни во руралните средини и во најодалечените места затоа што нашата заложба е да се грижиме и да овозможиме квалитетна нега и подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани. Ова особено е важно да го истакнам затоа што изминатиот период беа актуелни барањата на пензионерите за повисоки пензии, кои секако остануваат приоритет на Владата и Министерството за труд и социјална политика и за социјалните мерки за пензионерите, како и на Законот за минимална пензија на кого веќе се работи со работната група која е составена од сите засегнати страни, вели Тренчевска.
Посочи дека преку проектов се обезбедува разновидни услуги, односно помош и нема во домот, потоа услуги за активно стареење, претстој на лица со попреченост со индивидуални третмани, услуги за рехабилитација и лична асистенција. Во земјава се опфатени околу 1 200 корисници.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека го радува тоа што со овој проект ќе се води грижа за околу 20 тина граѓани, кои го граделе Пробиштип.
-Посебно е чувството и големо е задоволството што кај мене е заедно со Општина Кратово на разбирање на министерството за труд и социјална политика влеговме во еден ваков проект, каде што добиваме лиценцирани негователи, кои ќе водат грижа за дваесеттина наши граѓани, вели Анастасов.
Секретарот на ОО Црвен Крст-Пробиштип, Митко Ѓоргиевски истакна дека за реализацијата на овој проект имале голема поддршка од страна на градоначалникот на Општина Пробиштип, Анастасов, како и од локалната самоуправа. Тој истакна дека во двете општини имаат 50 корисници на услугите и вкупно 14 негователки, кои се обучени за работа на терен. Една од нив е и Катерина Митевска која се грижи за пет лица над 65 години. Забележа дека таа ги сака овие и лица и тоа се луѓе на коишто им треба нега и помош.
-Ние имаме енергија, им даваме малку за нас, но тоа е се за нив. Обично е пазарување, набавка на намирници, раскревање по дома, припрема на храна, спремање на терапија, масажи, разодување низ домот, мобилност. На нив им треба разговор, друштво, вели Митевска.
Забележа дека оваа работа не е тешка и за лицата кои се невработени да се пријават и да се активираат и да им дадат помош на повозрасните лица. вдј/дма/
Фото: МИА