• понеделник, 23 декември 2024

Тренчевска: Наш приоритет е социјално ранливите категории на граѓани што повеќе да се вклучуваат на пазарот на трудот

Тренчевска: Наш приоритет е социјално ранливите категории на граѓани што повеќе да се вклучуваат на пазарот на трудот

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија, Менди Ќура и претставници од комората. На средбата се разговараше за недостатокот на работна сила во земјава, соопштија попладнево од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Тренчевска на средбата посочила дека за неа, приоритет е примателите на гарантирана минимална помош да се вклучат на пазарот на трудот.

- Таа истакнува дека на таков начин, 36.000 семејства ќе бидат извлечени од системот на социјална заштита и посочи дека моментално се работи на измени на Законот за социјална заштита за да може да се достигне посакуваната цел. Воедно, министерката зборуваше и за предлог-законот за работно ангажирање на лица во одредени дејности, што има за цел да ја намали сивата економија во и да го олесни пристапот до пазарот на трудот, се појаснува во соопштението на МТСП.

Претставниците од стопанската комора ги искажале нивните ставови во однос на недостигот на работници. Тие истакнале решенија што писмено ќе бидат доставени до Министерството за труд и социјална политика. бд/са/

Фото: МТСП

Остани поврзан