• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трајков: Континуираната поддршка од Унгарија ни помага на патот кон ЕУ

Трајков: Континуираната поддршка од Унгарија ни помага на патот кон ЕУ

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Интензивирањето на взаемната соработка меѓу двете земји и размената на експертиза на полето на евроинтеграциите беше во фокусот на средбата на заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков со унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока што се реализира во рамките на работната посета на Унгарија каде учествуваше на унгарско – македонскиот меѓувладин самит во Будимпешта.

На состанокот Трајков ја потенцираше континуираната поддршка која нашата држава ја добива од Унгарија на патот кон ЕУ.

При тоа, како што информираат од МНР, се заблагодари на унгарскиот министер за европски прашања, Бока за помошта од Унгарија со којашто се отворат нови можности за развој на нашата држава.

Заеднички беше потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји во повеќе сектори, со што ќе се забрзаат реформските процеси на нашата држава, а со тоа и ќе се олесни пристапниот процес.

На состанокот беше заклучено дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во реализација на процесите за што поскоро приклучување кон ЕУ. вј/ац/

Фото: МНР

Остани поврзан