• петок, 22 ноември 2024

Трајковски го помести македонскиот рекорд во скок во далечина на 7.60 метри

Трајковски го помести македонскиот рекорд во скок во далечина на 7.60 метри
Александрија, 17 мај 2022 (МИА) – Македонскиот атлетичар Андрес Трајковски втор пат за помалку од една седмица го подобри националниот рекорд во скок во далечина, прескокнувајќи денеска на митинг во Грција 7.60 метри. Трајковски на Меѓународниот атлетски митинг во Александрија во првата серија прескокна 7.60 метри со што го освои третото место и постави нов македонски рекорд. Резултатот е за 19 сантиметри подобро постигнување од стариот македонски рекорд кој Трајковски го собори минатата среда кога на Меѓународниот митинг во Лимасол прескокна 7.41 метри. ег/аа/

Остани поврзан