Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата
- Во нашата програма предвивуваме низа на реални и остварливи проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашата општина, се наведува во соопштението на СДСМ од изјавата на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - Во нашата програма предвивуваме низа на реални и остварливи проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашата општина, се наведува во соопштението на СДСМ од изјавата на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром, што МИА го пренесува интегрално.
Старото јавно осветлување го заменуваме со ново СМАРТ
економично јавно осветлување, со цел да добиеме модерен систем за јавно осветлување што ќе креира заштеда на средства.
На почетокот овој проект ќе се имплементира во јавните паркови, дворовите на сите детски градинки и основни училишта низ општината.
Потоа ќе продолжи и кон
замена на јавното осветлување и на сите улици и паркинзи
во општината.
Овој проект ќе овозможи Енергетска ефикасност и заштеда на финансиски средства.
Затоа ве повикувам на 2 ноември да дадеме поддршка на концептот што ќе гради и создава иднина, а не коцнепт на кочење и не работа.
Линк до видео: https://youtu.be/1nT4IzzYXQM?si=AUARRTmgvrLyy1r2