• петок, 05 декември 2025

Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Скопје, 8 октомври 2025 

Мојата визија е Аеродром да стане функционална, транспарентна и услужна општина, вистински модел по мерка на граѓаните. Општината мора да биде место каде што секој жител лесно и брзо ги добива потребните услуги, без непотребна бирократија, без чекање и без привилегирани, се вели во изјавата од кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Аеродром Александар Трајановски, што МИА ја објавува интегрално. 

Затоа предвидуваме целосна дигитализација на општинските услуги, јавен увид во трошењето на средствата, како и редовни отворени денови со градоначалникот и членовите на Советот, каде што граѓаните директно ќе ги искажат своите предлози и забелешки.

Мојата цел е да изградиме општина со нула толеранција кон корупцијата, општина што ќе биде ефикасна, отчетна и достапна за сите, од најмладите до највозрасните.

Само така ќе ја вратиме довербата во институциите и ќе покажеме дека општината навистина може да функционира во служба на граѓаните.

Линк до видео: https://youtu.be/bDcExZrDEAE?si=u_PUrRL-8CElly0x

Центар за комуникации на СДСМ

Фото: СДСМ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан