• понеделник, 23 декември 2024

Трамп ќе ја прескокне првата републиканска претседателска дебата неделава

Трамп ќе ја прескокне првата републиканска претседателска дебата неделава

Вашингтон, 21 август 2023 (МИА) - Првата телевизиска дебата пред прелиминарните избори на Републиканската партија во САД ќе се одржи без учество на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јави ДПА, повикувајќи се на неговата изјава на неговата социјална мрежа „Truth Social“.  

-Јавноста знае кој сум јас и какво успешно претседателствување имав. Еве зошто нема да учествувам на дебатите, напиша Трамп со големи букви, додавајќи дека ќе биде подалеку не само од првата дебата на републиканците оваа среда, туку и на понатамошните внатрепартиски телевизиски дебати на неговата партија.

На дебатата се поканети да учествуваат гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс и поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли.

Прелиминарните избори на Републиканската партија ќе се одржат од јануари до јуни 2024 година, а потоа и претседателските избори во ноември. Трамп води во анкетите за републиканските прелиминарни избори. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан