• петок, 05 декември 2025

Трамп ќе оди на погребот на папата Франциск

Трамп ќе оди на погребот на папата Франциск

Вашингтон, 22 април 2025 (МИА) -  Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да отиде на погребот на папата Франциск, кој почина вчера на 88 -годишна возраст.

„Меланија и јас ќе одиме на погребот на папата Франциск во Рим“, напиша Трамп за социјалната мрежа Social Truth.

Американскиот претседател претходно вчера нареди да се спуштат знамињата на половина копје на сите јавни згради во САД во чест на папата Франциск, кого го нарече „добар човек  кој вредно работеше“.

Датумот на последеното испраќање на папата Франциск сè уште не е познат.

Папата често пати ја критикуваше анти -имигрантската политика на американскиот претседател.сд/

фото:Скриншот од Еј-Би-Си

Остани поврзан