Трамп ја поддржа декриминализацијата на марихуаната за лична употреба
- -Во Флорида, како и многу други држави кои веќе ја одобриле, личните количества марихуана ќе бидат легализирани за возрасните. Тоа ќе зависи од гласачите, без разлика дали некому му се допаѓа или не, рече Трамп во неговата матична држава, поддржувајќи ја легализацијата на поседувањето и купувањето. до 85 грама за возрасни постари од 21 година, пренесуваат британските меидуми.
Вашингтон, 31 август 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја изрази својата поддршка за декриминализација на марихуаната, изјавувајќи дека парите на даночните обврзници не треба да се трошат за апсење на луѓе кои ја поседуваат оваа дрога само за „лична употреба“.
-Во Флорида, како и многу други држави кои веќе ја одобриле, личните количества марихуана ќе бидат легализирани за возрасните. Тоа ќе зависи од гласачите, без разлика дали некому му се допаѓа или не, рече Трамп во неговата матична држава, поддржувајќи ја легализацијата на поседувањето и купувањето. до 85 грама за возрасни постари од 21 година, пренесуваат британските меидуми.
Републиканскиот претседателски кандидат меѓутоа рече дека пратениците треба да донесат закони за забрана на употребата на марихуана на јавни места и додаде дека не е во ред некој да се третира како криминалец за поседување марихуана во една држава, а во друга држава не.
Марихуаната е легална во речиси 40 американски држави.сд/
фото:МИА архива