Трамп се чувствува подобро, утре може да биде пуштен од болница
- Американскиот претседател Доналд Трамп може да биде пуштен од болница утре, бидејќи тој се чувствува подобро, соопшти медицинскиот тим на претседателот на прес-конференција пред воената болни
Вашингтон, 4 октомври 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп може да биде пуштен од болница утре, бидејќи тој се чувствува подобро, соопшти медицинскиот тим на претседателот на прес-конференција пред воената болница „Волтер Рид“.
Во соопштението се наведува и дека Трамп вчера добил дексаметазон по второто „минливо“ опаѓање на нивото на кислород во крвта. Во петокот нивото било на 94 проценти, а вчера на 93 проценти.
Лекарите не кажаа дали и вчера примил кислород. - Сега неговото ниво на кислород е 98 проценти, рече д-р Шон Конли, пренесува Би-Би-Си.
- Состојбата на Трамп се подобрува, тој не се жали на респираторни проблеми, рече член на лекарскиот тим.
Д-р Бен Гарибалди вели дека планот е Трамп денеска да не биде во кревет, да јаде и да пие.
- Ако продолжи да се чувствува добро како денеска, се надеваме дека може да биде отпуштен утре за да може да го продолжи лекувањето во Белата куќа, рече тој. паг/