• понеделник, 12 јануари 2026

Трамп: Путин и Зеленски сакаат да постигнат договор

Трамп: Путин и Зеленски сакаат да постигнат договор

Мар-а-Лаго, 28 декември 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска во Мар-а-Лаго на Флорида, пред средбата со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека постојат темели за договор што би бил добар и за Украина, и оцени дека и Зеленски и претседателот на Русија, Владимир Путин, сакаат да го постигнат.

Тој рече дека верува оти и Зеленски и Путин навистина сакаат мир.

Трамп, разговарајќи заедно со Зеленски пред резиденцијата во Мар-а-Лаго, рече дека верува оти Путин е „сериозен по прашањето за мирот“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан