• четврток, 21 ноември 2024

Трамп: Обвинение против мене дополнително ќе ја уништи Америка

Трамп: Обвинение против мене дополнително ќе ја уништи Америка

Вашингтон, 27 јули 2023 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека неговите адвокати имале „продуктивна средба“ со претставници на Министерството за правда, додавајќи дека обвинение против него „дополнително ќе ги уништи“ САД.

- Моите адвокати утринава имаа продуктивен состанок со Министерството за правда, каде детално објаснија дека не сум направил ништо лошо и оти обвинението против мене само дополнително ќе ја уништи нашата земја, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Тој додаде дека за време на средбата не му било дадено предупредување на неговиот тим.

Федералните обвинители денеска ги информираа адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека треба да очекуваат обвинение за нивниот клиент како дел од истрагата за обидите да се поништи неговиот пораз на изборите во 2020 година, јавија американските медиуми.

Адвокатите Тод Блумш и Џон Лор денеска беа примени од официјални лица во канцеларијата на специјалниот обвинител Џон Смит, јавија NBC и ABC. Адвокатите се информирани дека треба да очекуваат обвинение, јави NBC повикувајќи се на анонимни извори.

На 18 јули, Трамп соопшти дека добил писмо од јавниот обвинител Смит во кое го информирал дека тој лично бил вклучен во федералната истрага за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Тој ден, толпа приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот за да се обидат да спречат официјализирање на изборната победа на Џо Бајден.

Според неколку американски медиуми, Џек Смит веќе во своето писмо до Трамп му пренел дека подготвува три точки од обвинението против него, заговор против американската држава, попречување на официјалната процедура и одземање права.

Трамп, кој е голем фаворит во трката за републикански претседателски кандидат за 2024 година, веќе има две обвиненија против него, во случајот на доверливи документи земени од Белата куќа и за сомнителни исплати на поранешна порно ѕвезда. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан