• сабота, 21 декември 2024

Трамп не го одложува патувањето во Висконсин, ќе присуствува на Републиканската национална конвенција

Трамп не го одложува патувањето во Висконсин, ќе присуствува на Републиканската национална конвенција

Њујорк, 14 јули 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека нема да го одложи патувањето во Милвоки на конвенцијата на Републиканската партија, и покрај обидот за негово убиство на предизборниот митинг во Пенсилванија.

„Врз основа на вчерашните страшни настани, планирав да го одложам моето патување во Висконсин на Републиканската национална конвенција за два дена, но штотуку решив дека не можам да дозволам атентатор, или потенцијален убиец, да принуди промена на мојот распоред или било што друго. Затоа, ќе заминам за Милвоки, како што беше закажано, ДЕНЕСКА во 15:30 часот. Благодарам! DJT“, напиша Трамп на неговата платформа Truth Social.

На четиридневната конвенција во Висконси, која почнува утре, републиканците треба официјално да го номинираат Трамп за свој кандидат за претседателските избори на 5 ноември.са/

Фото: ЕПА

Остани поврзан