• понеделник, 23 декември 2024

Трамп контра Бајден: Израел треба да ја гаѓа иранската нуклеарна инфраструктура

Трамп контра Бајден: Израел треба да ја гаѓа иранската нуклеарна инфраструктура

Вашингтон, 5 октомври 2024 (МИА) – Американскиот републикански претседателски кандидат, Доналд Трамп, синоќа изјави дека Израел треба да ја гаѓа иранската нуклеарна инфраструктура, откако актуелниот демократски претседател Џо Бајден рече дека да е на местото на Израел „ќе размисли“ дали треба да се гаѓаат иранските нафтени постројки.

Тензиите меѓу Иран и Израел се на високо ниво бидејќи Израел ги разгледува опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран, што Иран го започна во вторникот како одговор на воената акција на Израел во Либан.

Претходно синоќа Бајден рече дека да е на местото на Израел „ќе размисли за алтернативи за гаѓање на нафтените постројки“, додавајќи дека Израел сè уште не одлучил како ќе го даде одговорот и дека „се уште се разговара за тоа“.

Подоцна во Северна Каролина, Трамп го критикуваше Бајден и отиде чекор подалеку, сугерирајќи дека Израел треба прво да ја „гаѓа нуклеарната инфраструктура“, а „подоцна да се грижи за останатото“, пренесоа француските медиуми.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан