• сабота, 21 декември 2024

Трамп им се заканува на земјите од БРИКС со 100 отсто царини доколку престанат да користат долари

Трамп им се заканува на земјите од БРИКС со 100 отсто царини доколку престанат да користат долари

Вашингтон, 30 ноември 2024 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им се закани на земјите-членки на БРИКС со воведување 100 отсто царини доколку ја поткопаат доминацијата на доларот, откако некои од овие земји излегоа со размислувањето веќе да не го користат доларот во меѓународната трговија.

„Бараме овие земји да се обврзат да не создаваат нова валута на БРИКС и да не поддржат друга валута што би го заменила моќниот американски долар“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Во спротивно, додаде тој, на тие земји ќе им биде воведена царина од 100 отсто и „тие ќе се збогуваат со продажбата на свои стоки во прекрасната американска економија“.

Групата БРИКС вклучува девет земји, меѓу кои се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Групата сака да ја намали западната доминација во светот.

Во областа на финансиите БРИКС разгледува начини да го избегне користењето на доларот, што служи како референтна валута за глобалната трговија, а овие земји, исто така размислуваат за создавање  своја заедничка валута. Меѓутоа, овој проект е се уште далеку од реализација затоа што би подразбирал откажување од дел од својот суверенитет во група на многу хетерогени земји.

За време на самитот на БРИКС во Казан на крајот на октомври, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во оваа фаза се откажува од создавањето на единствена заедничка валута, велејќи дека „идејата се уште не е созреана“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан