• понеделник, 23 декември 2024

Трамп изрази револт поради издавањето на првиот американски пасош со „Х“ за третиот пол

Трамп изрази револт поради издавањето на првиот американски пасош со „Х“ за третиот пол
Вашингтон, 29 октомври 2021 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази револт поради издавањето на првиот американски пасош со „Х“ за третиот пол. Претходно Стејт департментот го објави првиот пасош издаден во САД со трет пол - наместо машки или женски, во соодветната колона стои ознаката „Х“. Американските власти очекуваат до почетокот на 2022 година да ги ажурираат процедурите и обрасците, по што секој кој сака ќе може да добие пасош со таква ознака.

„Дали ова навистина и се случува на нашата земја?“, напиша Трамп на својот профил на Телеграм, коментирајќи ја објавата на еден од медиумите на оваа тема.

Досега, од американските граѓани се бараше медицински сертификат од лекар за да наведат пол различен од тој во изводот на родените. Третиот пол фигурира на пасошите на неколку земји, меѓу кои Австралија, Индија, Канада, Малта, Непал и Нов Зеланд. паг/

Остани поврзан