• сабота, 21 декември 2024

Трамп го избра сенаторот Џеј Ди Венс за свој кандидат за потпретседател

Трамп го избра сенаторот Џеј Ди Венс за свој кандидат за потпретседател

Вашингтон, 15 јули 2024 (МИА) - Поранешниот претседател Доналд Трамп го избра сенаторот Џеј Ди Венс за свој кандидат за потпретседател.

„По долго размислување и разгледување, и имајќи ги предвид огромните таленти на многу други, решив дека личноста која е најпогодна да ја преземе позицијата на потпретседател на Соединетите Американски Држави е сенаторот Џ.Д. Венс од Големата држава Охајо“, соопшти Трамп во објава на неговата социјална мрежа, додека во Милвоки започна републиканската национална конвенција. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан