Трамп вели дека Европејците веројатно нема да бидат од помош за завршување на војната меѓу Иран и Израел
- „Иран не сака да разговара со Европа. Тие сакаат да разговараат со нас. Европа нема да може да помогне во ова“, изјави Трамп

Вашингтон, 20 јуни 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека европските сили нема да можат да помогнат во завршувањето на војната меѓу Иран и Израел, откако британските, германските, француските и високи дипломати на ЕУ се сретнаа со ирански функционер во Женева.
„Иран не сака да разговара со Европа. Тие сакаат да разговараат со нас. Европа нема да може да помогне во ова“, изјави Трамп по пристигнувањето во Мористаун, Њу Џерси. зш/