• петок, 05 декември 2025

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко 

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко 

Кавадарци, 7 ноември 2025 (МИА) - Тракторист загинал денеска во несреќа во кавадаречко, оваа информација ја потврди за МИА, Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош во Кавадарци. Несреќата била на патот од градот Кавадарци кон селото Дреново. 

- Наша медицинска екипа замина на лице место веднаш по дојавата за несреќата. Но, за жал, можела само да констатира смрт кај едно машко лице од селото, родено 1971 година. Лицето починало веднаш, откако се превртел тракторот со кој управувало, појасни Паракеов. свд/дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан