• петок, 22 ноември 2024

Трае пријавувањето за субвенциониран студентски оброк, право имаат и потенцијалните бруцоши кои ќе стекнат статус на редовен студент

Трае пријавувањето за субвенциониран студентски оброк, право имаат и потенцијалните бруцоши кои ќе стекнат статус на редовен студент

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Во тек е пријавувањето за субвенциониран студентски оброк. Повикот се однесува и на потенцијалните бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус на редовен студент, информираа денеска од Министерството за образование и наука. 

Потсетуваат дека во рокот за пријавување трае до 5 септември.

- Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, се наведува во соопштението од Министерство за образование и наука. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан