• понеделник, 23 декември 2024

ТППЕ Куманово доби возило за гасење пожар со пумпа за гасење пожар

ТППЕ Куманово доби возило за гасење пожар со пумпа за гасење пожар
Куманово, 1 октомври 2022 (МИА) - Кумановската територијална противпожарна единица е една од 14-те противпожарни служби кои добија возило за гасење пожар, соопштија денеска од ТППЕ Куманово. Со добиеното возило значително ќе се подобри ефикасноста во работењето на кумановската противпожарна единица, сметаат надлежните. - Станува збор за теренско противпожарно возило 4×4 со вградена високопритисна пумпа и витло за брза интервенција со должина од 50 метри, резервоар за вода од 450 литри и 10 литри средство. Може да се користи за гасење пожари на отворен простор, за пожари на патнички моторни возила и слично, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Територијалната противпожарната единица располага со осум противпожарни и сега со три теренски возила. Кумановската противпожарна единица ги покрива териториите на Куманово, Липково и неретко интервенира на подрачјето на Старо Нагоричане како поддршка на тамошните пожарникари. Досега според податоците на командирот од поечтокот на годинава се случиле околу 330 пожари. ам/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан