• понеделник, 23 декември 2024

„Тојота“ гради „паметен град“ во Јапонија

„Тојота“ гради „паметен град“ во Јапонија
Токио, 19 август 2022 (МИА) - Компанијата „Тојота“, еден од најголемите светски производители на автомобили, го гради првиот „паметен град“ во Јапонија и во светот. Градот „Плетка“ ќе биде сместен во близина на подножјето на планината Фуџи, ќе се простира на 175 хектари и ќе биде целосно самоуправна населба со дизајн и намена да се тестираат новите технологии како што се самоуправувачко возење, роботика и вештачка интелигенција - во реалниот свет. Прототипот на „град на иднината“ ќе биде изграден од темел на местото на поранешниот фабрички погон „Хигаши-Фуџи“, којшто ја заврши својата децениска историја на производство на автомобили во декември 2020 година. https://twitter.com/i/status/1560264278501863425 Замислата е сите луѓе во градот „Плетка“, како и зградите и возилата да се поврзат и да комуницираат преку податоци во реално време и со вградени сензори. Овие врски ќе ѝ овозможат на „Тојота“ да испитува и истражува како функционира напредната, најнова вештачка интелигенција и технологијата во реалниот свет, со минимален ризик. Целосно поврзаниот екосистем на градот ќе се напојува со чисти извори на енергија како што се сончевата, водородни фосилни ќелии и геотермална енергија. „Плетка“ ќе има три вида улици - за пешаци, за лица со лични возила и една за автоматско возење.  си/

Остани поврзан