• недела, 22 декември 2024

Тошковски: Честит 11 Октомври, борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес

Тошковски: Честит 11 Октомври, борбата и саможртвата на хероите го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше дел од владината делегација на одбележувањето на 11 Октомври - ден на востанието на македонскиот народ, која положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот на Ослободителите на Скопје во знак на сеќавање на храбрите борци од 1941 година, кои го почнаа организираниот отпор против фашизмот.

-Нивната борба и саможртва го отворија патот кон слободата што ја уживаме денес. Овој ден е потсетник за нашата должност да продолжиме да градиме држава во која владее правдата, еднаквоста и почитта кон сите граѓани. Благодарение на тие херои, денес имаме наша слободна и суверена Македонија. Нека нивната храброст биде наша инспирација за подобра и посветла иднина, нагласи министерот Тошковски, информираат од Министерство за внатрешни работи. аа/

Фото: ФБ на Панче Тошковски

Остани поврзан