Тото Волф не негираше преговори со Верстапен
- Шефот на Мерцедес, Тото Волф, не ги отфрли гласините дека „сребрените стрели“ преговараат со Макс Верстапен со идеја Холанѓанецот да се пресели во Бракли следната година.
Бракли, 27 јуни 2025 (МИА) - Шефот на Мерцедес, Тото Волф, не ги отфрли гласините дека „сребрените стрели“ преговараат со Макс Верстапен со идеја Холанѓанецот да се пресели во Бракли следната година.
Изјавата на Волф доаѓа помалку од 24 часа откако Џорџ Расел изјави дека се плаши дека обновувањето на неговиот договор се одложува токму поради Верстапен. Договорите и на Расел и на Андреа Кими Антонели истекуваат на крајот од сезоната, но со оглед на надежите и инвестициите од Мерцедес во Антонели, разделбата со Италијанецот изгледа многу малку веројатна.
Ова, пак, ја доведува во прашање иднината на Расел, чиј договор е под знак прашалник од почетокот на годината. Сепак, оттогаш се шпекулира дека иднината на Британецот ќе зависи од тоа што ќе се случи со Верстапен и Ред Бул.
-Без разлика дали ми се допаѓа или не, ми се допадна она што го кажа Џорџ. Секогаш ги поддржувам возачите и никогаш не им кажувам работи што не сакам да ги кажат во медиумите. Мислам дека сме многу транспарентни за тоа што правиме и што планираме откако сум на чело на тимот. Значи, тоа не е проблем. Во моментов, очигледно, сите опции за иднината мора да се разгледаат. Но, тоа не го менува она што веќе го кажав за Џорџ и Кими, дека сме многу задоволни од составот на возачи што го имаме, прокоментира Волф за ситуацијата со идниот состав на возачи на Мерцедес. дс
Фото: Архива