• петок, 19 јули 2024

Тотенхем сака да го обнови договорот со Лорис

Тотенхем сака да го обнови договорот со Лорис
Лондон, 3 јануари 2022 (МИА) – Претставници на премиерлигашот Тотенхем се во преговори со голманот Уго Лорис за продолжување на договорот. Според Фабрицио Романо, лондонскиот клуб сака да го продолжи договорот со 35-годишниот фудбалер до 2023 година. Актуелниот договор на Лорис со Тотенхем е до јуни 2022 година. Фудбалерот игра во Англија од 2021 година. Лорис оваа сезона одигра 20 натпревари во сите натпреварувања и прими 23 гола, додека на осум натпревари не беше совладан. зс/

Остани поврзан